Кај 54-годишен кумановец пронајдени околу 5. 500 парчиња пиротехника

Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства, информираа од полицијата.

С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: