Квотата за лекови останува

Фондот за здравствено осигурување одлучи квоти да нема само во аптеките во туристичките места. Исто како за август, така и за септември, нема никаква промена. Без квоти се аптеките во Охрид, Струга, Ресен и Гевгелија. Во останатите градови во аптеките квотите остануваат. Ова е одлучено на седница на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. За тоа како ќе биде следните месеци потребна е нова одлука на ФЗО.
Во аптеките во Скопје вработените велат дека биле известени деновиве.
-Месецот стартуваше и немавме информација на први септември. Можеби не беше доставено известувањето. Но, сега имаме и официјално соопштение дека квотите остануваат, вели вработена во аптека.


Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство пред неколку месеци најавија дека ќе следи укинување на квотите. Но според информациите од ФЗО за септември тоа нема да биде случај.
Граѓаните пак изненадени, мислат дека лекови ќе може да земат на рецепта во текот на целиот месец.
-Бев во аптека вообичаено чекав ред, ама ми требаат уште некои лекови што не ги земав. Мислам дека ќе може во текот на месецот да ми ги дадат на рецепта, вели граѓанин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.