Квотите за лекови ќе се укинуваат од 1-ви септември до 1-ви октомври

Како што денес најави премиерот Зоран Заев решението за лекови без квоти треба да стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври, до кога надлежните работат на изнаоѓање механизми на контрола за да нема злоупотреби.
“Наша асприрација е меѓу 1-ви септември и 1-ви октомври да ги пуштиме лековите компленто без квоти. Тоа е сериозен исчекор, државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми ние ќе стартуваме со еден ваков процес, така што суштината е буквално пораката – немојте да крадете од граѓаните и државата, затоа што без разлика кој во каков сегмент работи тоа е казниво по Кривичниот закон и се одговара со казна затвор“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Ургентниот центар во Куманово.
Тој рече дека има сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивна листа на лекови и издавањето на рецепти.
“Прво не сум обвинил никого. Реков јавно дека постојат сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивната листа на лекови и издавањето на рецептите. И ние очигледно гледаме, дека генерално, во буџетот се повеќе се зголемуваат парите во делот на издавање лекови на позитивнта листа, а бројката или наталитетот во државата остануваат исти. Еве дури во еден дел се намалува поради миграцијата, рече Заев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.