Кемал во Љубљана, интервенирала и полицијата

Турскиот актер Бурак Озчивит престојува во во посета на Словенија. Тој се појави во еден трговски центар каде го дочекаа илјадници обожавателки. Добро расположен и насмеан, популарниот Бурак со задоволство направи фотографија со оние што посакаа, додека останатите го снимаа секој чекор на омилената ѕвезда.


Бурак во Словенија слетал во понеделникот вечерта, а веќе на аеродромот го дочекале многу обожаватели. Вистинска еуфорија следела кога се појавил во еден трговски центар, а навалата била толку голема што организаторите неколку дена ги предупредувале граѓаните на посебна регулација на сообраќајот.
Ни самиот Бурак која во Словенија се појавил без сопругата Фахрие, не очекувал таков дочек, па на Фејсбук напиша:


-Дојдов во Марибор! Благодарам на моите словенски пријатели на овој топол дочек. Ве сакам!, напиша големата турска ѕвезда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.