Керим и Станисављева недостапни за СЈО?

Специјалното јавно обвинителство повеќе од два месеци не може да ги најде Срѓан Керим и Јана Станисављева, некогашните први луѓе на Медиа принт Македонија кои се осомничени во предмет за лажен стечај што СЈО го презеде од Основното јавно обвинителство, потврдија од СЈО. Од СЈО велат дека нивната курирска служба два месеци ги бара на нивните домашни адреси за да им даде покани за да дојдат на дополнителни разговори во врска со случајот кој ова обвинителство го отвори за МПМ.
Последен пат СЈО со двајцата имало контакт во октомври годинава, по првичниот распит по што ја напуштиле земјата. Полициските истражители поседуваат информација дека Срѓан Керим, освен македонски, има и хрватски пасош. Двајцата се осомничени за лажно покренување на стечај, за злоупотреба на службена положба и за злоупотреба на средства на доверители од неколку милиони евра.
Керим со авион заминал за Виена, а потоа во Дизелдорф и од тогаш му се губи трагата, додека Станисављева со автомобил го преминала Деве Баир.
Засега СЈО нема да бара мерки за обезбедување на нивно присуство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.