За време на посетата што доаѓа непосредно откако бунтовниците од Тиграj почнаа да го предаваат тешкото оружје, министрите ќе се сретнат со премиерот на Етиопија, министрите за надворешни работи и за правда, како и со претставници на Африканската унија и активисти за заштита на човековите права.
Во текот на двете години од граѓанската војна, повеќе од два милиони луѓе беа раселени, а неколку стотици илјади се соочуваат со глад.
Пред заминувањето за Етипопија Катрин Колона рече дека целта на Париз и Берлин е да го поддржат „мировниот процес, борбата против неказнивоста и обновата на земјата“.
Министeрките сакаат да ја пренесат и пораката за подготвеноста на ЕУ за повторен ангажман во Етиопија, под услов да се почитува прекинот на огнот и да се воспостави механизам за транзициска правда.