Повеќето режисери би направиле се за да ја имаат Кејт Бланшет во нивниот проект.
Таа е, без сомнение, една од најдобрите актерки на нејзината генерација.
Не еднаш докажа дека може да игра секого. Таа е камелеон кој без напор ги менува акцентите, половите и епохите, како да е родена да го прави тоа. Затоа идејата дека режисерот би можел да ја одбие изгледа речиси неверојатна.
Сепак, иако работела со најголемите имиња како Мартин Скорсезе, Вес Андерсон, Алехандро Г. Ињариту, Стивен Содерберг, Тод Хејнс, Дејвид Финчер и Стивен Спилберг, Таика Вејтити морал да ја одбие.
Во 2019 година, режисерот откри дека Бланшет сакала да глуми вампир во серијата „What We Do in the Shadows“, но ја одбил затоа што никогаш претходно не глумела вампир. Продуцентскиот тим имал листа на можни гости актери и Кејт некако завршила на таа листа иако не ги исполнувала критериумите.
„Мислам дека имаше одредена конфузија“, рече тој. „Ја прашав: Кејт, дали некогаш си глумела вампирка? Таа рече: „Не, но навистина би сакала“. И реков, „Но, не си?“, таа ми рече не. „Тогаш не можеш да бидеш во шоуто“. И тоа беше тоа“. Кога таа инсистирала да ја добие улогата, тој едноставно и рекол: „Тоа се правилата“.
Наместо тоа, во епизодата се појавуваат Еван Рејчел Вуд, Тилда Свинтон, Пол Рубенс, Весли Снајпс и Дени Трехо, актери кои претходно глумеле вампири. Бланшет веќе била змеј, елф и негативец во филмот на Марвел (патем, во режија на Вејтити). Можеле да направат исклучок, но не направиле.
Но, Бланшет на крајот помина подобро од Бред Пит, чиј тим дури и лично контактираше со продукцијата за да му обезбеди место во серијата.
Пит играше вампир во Интервју со вампир во 1994 година, но ниту тој не ја доби улогата.
„Никогаш не му одговоривме“, призна продуцентот Пол Симс, додавајќи дека тоа можеби било малку грубо од нивна страна… а можеби и грешка.