За нов амбасадор на САД во Македонија американскиот претседател, Доналд Трамп ја предложи Кејт Мери Брнс . Taa треба да дојде на местото на сегашниот амбасадор Џес Бејли.
Како што соопштува Белата куќа, Мери Брнс во Скопје доаѓа од Атина каде од минатата година e заменик-амбасадорка. Претходно таа била заменик-шеф на мисијаta на САД во ОБСЕ.
Исто така таа ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција. Одлично зборува повеќе јазици меѓу кои унгарски, шпански и турски, а нејзината номинација треба да помине во американскиот Сенат. Мандатот на амбасадорот Бејли во Скопје завршува пред крајот на 2018. година.