Кејт Мидлтон открива: Принцот Луис не може да ја разбере социјалната дистанца!

Војвотката од Кембриџ открива дека нејзиниот најмал син не можел да разбере зошто растојанието е важно, но исто така раскажа како разговарале со децата за коронавирусот.

За малите деца, концептот на социјална дистанца може да биде навистина голем предизвик. Ова го потврди Кејт Мидлтон, мајка на три деца и војвотката од Кембриџ.

Од личното искуство, таа рече дека е тешко за нејзиниот двегодишен син Луис да ја разбере важноста на социјалната дистанца за време на пандемијата. „Луис едноставно не ја разбира социјалната дистанца“, откри таа на шоуто за појадок во ББС. „Штом тој излегува надвор, сака да се гушка со сите, особено со бебињата помали од него“, додаде таа.

Војвотката исто така откри како се борела со мајчинството кога за прв пат имала дете.

“Мислам дека е многу тешко. Мора да се фокусирате на тоа многу, особено за време на бременоста и кога допрва ќе добиеш  дете. Постои развој на бебето, но и развој на вас како мајка. Сепак, многу е важно да го поддржувате детето и да помогнете во социјалниот и емотивниот развој“, рече Кејт.

Ова семејство се обидува да остане надвор од очите на јавноста за време на пандемијата.

Таа исто така откри дека е важно да се разговара со децата за коронавирусот. „Имаше подеми и падови, исто како и во повеќето семејства за време на изолацијата“, рече таа. “Принцот Џорџ е многу постар од Луис, но тие се свесни. Иако не сакате да ги плашите децата и да ги оптоварите, мислам дека е важно да ги упатите во ситуација во граница според нивната возраст”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.