Британските медиуми пишуваат дека војвотката кејт Мидлтон ѝ оддала чест на починатата принцеза лејди Ди, својата свекрва, со фустанот што го носеше на претставувањето на новородениот принц.
Пред лондонското родилиште Кејт се појави во црвен фустан со бела крагна, исто како што била облечена мајката на нејзиниот сопруг, принцезата Дајана кога го напуштила истото родилиште со пронцот Хари во 1984 година.
Фустанот на Кејт е дизајнерско парче на Џени Пакам, а Дајана во 1984 година носела долг црвен капут на Јан ван Велден, под кој се наѕирала бела блуза.
До раѓањето на Вилијам во 1982 година принцезите и кралиците се пораѓале во кралските палати далеку од очите на јавноста и не морале да се појавуваат пред камери со недели по породувањето. Меѓутоа, принцезата Дајана го немала тој луксуз, таа морала да застане пред објективите уште следниот ден по породувањето и со Вилијам и со Хари.
Слична судбина има и Кејт. Таа се појави во јавноста само 24 часа по раѓањето на Џорџ, само десет часа по раѓањето на Шарлот и денес, само седум часа по раѓањето на принцот чие име не е објавено се уште.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.