Киднапиран охриѓанец, пријавил во полиција брат му
Дваесет и деветгодишниот И.П. од Охрид пријавил дека неговиот брат Б.П. (33) е киднапиран, информира полицијата.
И.П. во текот на вчерашниот ден околу 13 часот пријавил дека непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ го грабнале неговиот брат Б.П. (33) од населба Рача во Охрид.
Притоа, тој рекол дека добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.
Пронајдете не на следниве мрежи: