Киев со жесток напад ноќеска врз Русија. Спречена катастрофа од невидени размери

Вооружените сили на Украина извршија напад врз нуклеарниот град Курчатов во областа Курск со помош на два беспилотни летала, потврди гувернерот на регионот Роман Старовојт.
Според него, во нападот била оштетена управната зграда и станбена зграда. Старовојт истакна дека на лице место работат експерти за проценка на висината на штетата.

Киев со жесток напад ноќеска врз Русија. Спречена катастрофа од невидени размери

На територијата на Курчатов се наоѓа нуклеарната централа Курск, градот се наоѓа на околу 70 километри од Украина. Нуклеарната централа Курск има четири реактори и напојува 19 региони, а засега не е соопштено дали е во опасност од напад, но шокантен е самиот факт што Украинците испратиле дронови на ова подрачје.

Руските сили синоќа спречија напад со дрон во неколку региони.

Вооружените сили на Украина лансираа беспилотни летала во регионите на Москва, Курчатов, Псков, Брјанск и Белгород, но силите за воздушна одбрана ги соборија сите беспилотни летала, според прелиминарните податоци, нема жртви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.