Килде најбрз во спуст за нова победа во Венген

 Норвешкиот скијач Александар Омот Килде е победник на денешниот спуст што во рамки на Светскиот куп се возеше во швајцарскиот зимски центар Венген.

Килде на легендарната патека во Венген, која беше скратена поради силниот ветер, дојде до својата 19 победа во Светскиот куп, триумфирајќи пред Швајцарецот Марко Одермат и италијанскиот скијач Матија Касе.

Килде, кому ова му беше втора последователна победа во Венген откако триумфираше во петокот во супервелеслалом, е второпласиран во генералниот пласман со 846 бодови. На водечкото место е Одермат со 1.186 бодови.


Пронајдете не на следниве мрежи: