Килијан Мбапе има нова љубов: Помина време со атрактивна манекенка во Мајами

Американските медиуми објавија дека Килијан Мбапе е во врска со атрактивната манекенка Дани Грејс Алмеида.Како што навел изворот, двајцата биле видени минатата недела во Мајами во ресторанот Kiki on the River и ноќниот клуб LIV. Тие беа блиски.Не е познато колку долго се заедно, но фановите забележаа дека таа сподели видео од еден од неговите натпревари на Инстаграм уште во април. View this post on Instagram A post shared by DANI Grace Almeida (@daniellagrace)„Не сакам да коментирам за нашата врска во овој момент“, изјави 25-годишната Дани ексклузивно за Page Six. Фудбалерот не одговараше на повиците на новинарите.Тој претходно излегуваше со белгиската манекенка Стефани Роуз Бертрам, како и со трансродовиот модел Инес Рау. Пред две години го поврзуваа со моделот на Викторија Сикрет, Стела Максвел, но никогаш не потврдија дека се заедно.За потсетување, Мбапе неодамна играше со Франција на Европското првенство и сега е на одмор, а ќе ја пропушти американската турнеја на Реал Мадрид.Неговото деби за кралскиот клуб може да го очекуваме на 14 август на натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта.

Пронајдете не на следниве мрежи: