Кими Антонели, кој има само 19 години, успеа да испише нова страница во историјата на мотоспортот. Тој настапуваше со својот Мерцедес и се избори за пол-позиција во квалификациите за спринтот што ќе се одржи денеска во 18 часот. Со тоа, Антонели стана најмладиот возач кој некогаш освоил пол-позиција во историјата на Формула 1, било да се работи за спринт или основната трка. Најбрзиот круг во квалификациите го направи пред ривалите Пјастри, Норис и Верстапен.
The post Кими Антонели постави нови стандарди во Формула 1 appeared first on 365.mk.