Ким и Канје ѝ посакаа добредојде на нивната ќерка

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан и познатиот рапер Канје Вест станаа родители.
Двајцата се радуваат на ќеркичката која се појави скоро еден месец пред терминот бидејќи според прелиминарните пресметки Ким требаше да се породи заедно со војвотката од Кембриџ околу 11 јули.
Ким Кардашијан и нејзината ќерка се чувствуваат добро.  Името на бебето е сè уште непознато, но претходно Ким има објавено дека многу и се допаднала името Лив.
Недели пред да се породи се појавија гласини дека Ким најмила приватна соба во клиниката во која ќе се пораѓа. Таа исто така најави дека ќе ја изеде плацентата по породувањето, но досега нема информација дали го направила тоа.Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан и познатиот рапер Канје Вест станаа родители.

Пронајдете не на следниве мрежи: