недела, 29 ноември 2026
Најново

Ким Кардашијан блеска во заводлива креација од Гучи: Бордо фустан ја истакнува нејзината фигура

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан привлече внимание на овогодинешната LACMA Art+Film Gala во Лос Анџелес, каде што се појави во впечатлива бордо фустан од модната куќа Gucci.

Имено, станува збор за долг фустан покриен со светки, со долги ракави и затворен деколте. Иако кројот на прв поглед изгледаше елегантен и ненаметлив, креацијата имаше исечоци од страните и отворен грб, што му даде на целото издание посмела нота.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ким ја надополни комбинацијата со црни салонки, додека косата ја носеше лабава, со нежни бранови. За вечерниот изглед, таа избра смела шминка за очи во темни тонови и неутрален кармин, а накитот го сведе на минимум, така што фустанот остана во преден план.

Кардашијан е редовен гостин на настанот, откако првпат присуствуваше на LACMA Art+Film Gala во 2014 година, придружувана од нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест. Овогодинешното издание ја одбележа 15-годишнината од настанот.

Гала вечерта се одржа на 7 ноември во Музејот на уметност во округот Лос Анџелес, а домаќини беа актерот Леонардо Дикаприо и Ева Чоу. Оваа година, наградите им припаднаа на уметницата Вија Селминс и режисерот Денис Вилнев, додека музичкиот настап го изведе Розе од „Блекпинк“.

Поврзани вести