Ким Кардашијан и Канје станаа родители по четврти пат- бебето го роди сурогат мајка

Ким Кардашијан и Канје Вест станаа родители на своето четврто дете кое е машко.
Првите две деца на сопружниците, Вест Норт (5) и Саинт (3) ги роди Ким, а за Чикаго (1) и новопристигнатото момче изнајмиле сурогат мајка.
Веста дека сурогат мајката се породува беше откриена во шоуто на Елен Деџенерис каде гостинка беше Крис Џенер, а кортни Кардашијан се појави со децата пред камера и кажа дека четвртото бебе на Ким доаѓа. Така и беше, па Ким по некое време се огласи на Твитер.


„Пристигна и совршен е! Сигурно многу ќе се промени, но моментално изгледа како брат близнак на Чикаго“ – се пофалила мајката Ким на Твитер.
Ким пред неколку месеци откри дека со музичкиот продуцент и рапер очекуваат уште едно дете и дека повторно ќе станат родители со помош на сурогат мајка.
„Ќе се вика Роб, што е прекар на мојот брат Роберт. И тој се согласува со тоа.“ – откри ријалити ѕвездата неодамна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.