Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја повика војската да биде максимално подготвена за војна, додека севернокорејскиот печат пренесува дека Пјонгјанг го прогласил за неважечки договорот за примирје со којшто во 1953 година заврши Корејската војна.Ким Јонг Ун им рекол на припадниците на артилеријата недалеку од спорните води, поради кои изминатите години се водени крвави судири, дека војната може веднаш да почне, пренесуваат севернокорејските државни медиуми.Посетата на Ким и поништувањето на договорот за примирје се реакција на минатонеделното заострување на санкциите на ОН поради севернокорејската нуклеарна проба извршена на 12 февруари. Пјонгјанг исто така се закани со нуклеарен напад на САД, но сепак не е јасно дали Северна Кореја ќе оствари некои од овие закани.Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека нема никакви знаци дека нејзиниот северен сосед планира напад или нова нуклеарна или ракетна проба и оцени дека Пјонгјанг само се обидува да изврши психолошки притисок врз Сеул.
МакфаксСевернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја повика војската да биде максимално подготвена за војна, додека севернокор