Ким Џонг – Ун ги посети војниците на обука и повика на поголеми напори во подготовката за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска ги посети војниците кои се обучуваат за ракување со новоразвиените борбени тенкови и повика на поголеми напори во подготовката за војна, јавија денеска локалните медиуми.Се проценува дека тенковската обука е одговор на воените вежби на САД и Јужна Кореја кои траеја 11 дена, а завршија денеска.Пјонгјанг ги смета вежбите како проба за инвазија.Министерството за одбрана на Северна Кореја претходно вети дека ќе спроведе „одговорни воени активности“ како одговор на вежбата меѓу Јужна Кореја и САД.Ким го нарече новиот тенк користен на денешниот тренинг „најмоќен во светот“, пренесува КЦНА. Во извештајот понатаму се наведува дека Ким влегол во еден од новите тенкови и самиот го возел. 

Пронајдете не на следниве мрежи: