Кина воведе санкции за пет американски одбранбени компании

Кина најави санкции против пет американски компании поврзани со одбранбената индустрија како одговор на американските испораки на оружје за Тајван и американските санкции против кинески компании и поединци.

Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени
  Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина …
Путин потпиша закон : Забранета е јавна пропаганда на идеологијата на животот без деца
Закон за забрана на јавна пропаганда за деца на Интернет, во медиумите, рекламирање и филмови за живот без деца е потпишана од рускиот …

Компаниите погодени од кинеските санкции се BAE Systems Land and Armament, Alliant Techsystems Operation, AeroVironment, ViaSat и Data Link Solutions.

Санкциите ќе ги замрзнат имотите на компаниите во Кина и ќе им забранат на кинеските организации и поединци да имаат бизнис со нив, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека дејствијата на САД му наштетиле на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, ги поткопуваат мирот и стабилноста во областа на Тајванскиот теснец и ги нарушуваат интересите на кинеските компании и поединци.

-Кинеската влада останува цврста во нашата решеност да го заштитиме националниот суверенитет, безбедност и територијален интегритет и да ги заштитиме легитимните права и интереси на кинеските компании и граѓани, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Кина го смета Тајван за отцепена провинција која мора да биде под контрола на Пекинг во одреден момент во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.