Кина го отвори најдолгиот морски мост во светот

Кинескиот претседател Си Џинпинг денес официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонгконг, Макао и континентална Кина. Мостот е долг 55 килеометри, а неговата изградба чинеше околу 20 милијарди долари. Дел од сообраќајницата оди низ тунел под морето, со што и на бродови им се овозможува непречено минување низ делтата на Бисерната река, срцето на кинескиот производствен сектор.
Со отворањето на мостот, кој има големо економско и политичко значење, времето на патување преку делтата на Бисерната река од неколку часа се намалува на само 30 минути. Мостот претставува и физичка врска со Хонгконг, финансиски центар на Азија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.