Кина го сокрила истражувањето на научничка која го декодирала геномот на КОРОНАВИРУСОТ?

Кина го сокрила истражувањето на научничка која го декодирала геномот на КОРОНАВИРУСОТ?

Кина е обвинета дека ги криела наодите на експерт за коронавирус – познат како „Жената лилјак“ – откако таа брзо ја идентификуваше генетската структура на новиот вид што зарази милиони.

ПРЕТХОДНО ОБЈАВИВМЕ ЗА ПАТЕКИТЕ ПО КОИ СЕ ШИРЕЛ ВИРУСОТ

Мапа на ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ, сите три досега лоцирани мутации

Вирологот од Вухан Ши Зенгли е една од водечките светски истражувачки на полето на коронавируси и досега откри десетици смртоносни вируси слични на САРС во пештерите со лилјаци. Таа анализирала примероци земени од некои од првите луѓе што се заразиле со новото и тогаш таинствено респираторно заболување во Кина во декември и открила дека е слично на САРС.

ДОСЕГА СЕ УТВРДЕНИ НАЈМАЛКУ ТРИ ВИДА НА КОРОНА ВИРУС, ТОА ГО НАПИШАВМЕ ВО ОВОЈ ТЕКСТ: 

Постојат три различни видови на КОРОНАВИРУСОТ во светот и додека Европа страда од оригиналната верзија, кинеската епидемија беше рана мутација на КОРОНА

Истата беше идентификувана како КОРОНА ВИРУС и во рок од три дена таа ја заврши својата секвенца за гени или декодирање, но нејзе и на истражувачите им беше наредено да не откриваат никакви информации за новата болест.

Последните тврдења што се појавија по прикривањето на кинеските власти кои не успеаја да споделат информации или да издадат рано предупредување, и да го совладаат вирусот додека беше во Вухан. Листата на обвинувања расне. Познато е дека потоа КОРОНА ВИРУСОТ се рашири низ целиот свет, што доведе до десетици илјади смртни случаи и скоро два милиони потврдени инфекции.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

НОВА СТУДИЈА: Научници тврдат дека 2 метри дистанца не се доволни. Потребни се најмалку 4 метри

Кинескиот новинар Гао Ју изјави дека разговарала со Ши за време на неговиот карантин во Вухан, каде што бил повеќе од два месеци, и таа и кажала дека нејзините откритија биле сокриени, објави „Мејл мејл“ во неделата.

Новинарката додаде: „Подоцна дознавме дека нејзиниот институт го завршил секвенцирањето на гените и тестови поврзани со тоа биле готови уште на 2 јануари, но беа замолчани“.

Информациите не биле објавени до една недела подоцна. Денот кога беа мапирани генетските информации, Јани Ванг, директор на Институтот за вирологија Вухан, му нареди на персоналот да не открива никакви информации за болеста, се тврди понатака.

Откако локалните лекари беа приведени за предупредување на локалното население за вирусот, директорот рекол дека „ со несоодветни и неточни информации“ се предизвикува „општа паника“. Таа наредила вработените да не објавуваат никакви информации на социјалните медиуми или да зборуваат пред медиумите.

На тема предлагаме да прочитате и ова: 

Секој преносител во просек заразува 5,7 други со КОРОНАВИРУС – СТУДИЈА

Нешто повеќе од една недела подоцна, тим во Шангај објави „Секвенца“ на платформа со отворен пристап, откако проучуваше примероци од заразен пациент. Нивната лабораторија беше затворена два дена подоцна.

Еден од најраните случаи на „Ковид-19“ се појави во средината на декември кога еден пациент, кој работел на пазарот за животни во Вухан, беше лоциран како епицентар на појавата. Тој потоа е хоспитализиран со двојна инфекција на белите дробови.

Информативен текст:

Како во СССР се запирале епидемиите од смртоносни болести?

Вообичаениот третман применет врз овој пациент за заболувања слични на грип не успеал и наскоро се појавиле нови случаи. Потоа на 27 декември, на здравствените работници во Вухан им било кажано дека болеста е предизвикана од нов коронавирус.

Три дена подоцна, најмалку двајца доктори од Вухан – Ли Венлианг и Аи Фен – споделија информација за новиот вирус на социјалната мрежа WeChat. Ли, свиркач кој беше предупреден од полицијата да престане да дава „лажни коментари“, почина во февруари откако се зарази со КОРОНА вирусот.

Аи Фен пак исчезна откако даде интервјуа во медиумите во кои ја критикува цензурата и болничките власти во Кина за потиснување на раните предупредувања за појава на епидемија. Таа за кинеското списание „Ренву“ или „People“ изјави дека била „опомената“ откако ги известила своите шефови и колеги за новиот вирус во декември. На 30 декември, таа ги доби лабораториските резултати од еден случај во кој се вели: „САРС коронавирус“.

Следниот ден, службениците во Вухан потврдија скоро 30 случаи, го затворија пазарот за животински свет и ја известија локалната канцеларија на Светската здравствена организација за мистериозната болест. Новите случаи продолжија да се појавуваат и заразата се рашири и надвор од Кина.

Но потоа во јануари здравствените власти во Вухан инсистираа на тоа дека не добиле нови пациенти, цела недела. За тоа време, првиот познат случај надвор од Кина беше откриен во Тајланд и случајот беше пријавен во САД бидејќи заразените луѓе го напуштиле Вухан и околината на покраината Хубеи. Вирусот тогаш веќе се ширеше насекаде…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.