Кина е најголем потрошувач на злато во светот, шеста година по ред

Побарувачката за злато во Кина е зголемена за 5,73 % на годишно ниво, и достигна 1.151,43 тони во 2018 година. Како причина за растот се посочува зголемната побарувачка на домашниот пазар со што државата остана по тој критеруим на прво место веќе шеста година по ред, јави Радио Кина.
Побарувачката на злаен накит е зголемена за 5,71 % и е на ниво од 736,29 тони додека на златни прачки е зголемено за 3,19 % – односно 285,2 тона.

Побарувачката на злато за индустриски и други цели е зголемено за 17.48% – 105,94 тони.
Минатата година производството на злато во Кина се намали за 5,87% до 401,12 тона, но државата се уште е најголем производител во светот веќе 12 година по ред.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.