Кинеските власти открија траги од новиот сој на вирусот на птичјиот грип означен како H7N9, во неколку делови од мегалополисот Шангај и блискиот град Ханжу, јави државната агенција Синхуа во саботата, каде што се спроведува акција на уништување на живината за да се спречи ширењето на вирусот од кој во Шангај досега починаа шест лица, а вкупно единаесет се починати од 16 заразени заедно со провинцијата Жеџинаг.Властите, според локалните медиуми, планираа да ја усмртат живината на два пазара во Шангај и на уште еден во Ханжу каде што е откриен вирусот H7N9. Претходно повеќе до 20 илјади живи домашни птици се уништени на пазарот во градот Хухуаџи, каде што вирусот беше откриен претходно седмицава.Градските власти во Шангај ги затвориле во саботата сите продавници на живи птици на коишто е истакнат натписот „Затворено на неодредено време“, пишува Синхуа.Засега населението вели дека во Шангај не е загрижено и оти нема знаци на паника, и покрај шесте смртни случаи.Во сите досегашни случаи симптомите биле висока температура и кашлица кои се развиваат во воспаление на белите дробови. Сé уште не е познато на кои начини жртвите се заразиле со овој вирус, бидејќи досега се сметаше дека не е високо заразен. Здравствените власти на Шангај, соопштија дека ниеден од осумте лица коишто биле во близок контакт со последниот починат немаат симптоми на болеста.Претходно кинеската Државна комисија за здравје и семејно планирање наведува во соопштение дека по клиничките следења и лабораториските и епидемиолошки испитувања било потврдено дека станува збор за човечка инфекција со сојот на вирусот H7N9.Сојот на вирусот од птичјиот грип кој е откриен кај сите заразени кон крајот на март е означен како H7N9. Досега не е забележано неговото пренесување на луѓето, за разлика од вирусот H5.N1. Неколку починати биле во директен контакт со животните, а експертите ја нагласуваат важноста од одредување на изворот на заразата и начинот на пренесување на луѓето.Сé уште, исто така, не постои вакцина против вирусот H7N9.Светската здравствена организација (СТО – WHO) во средата ја отфрли можноста од опасност од пандемија, бидејќи не е докажано дека болеста се пренесува од човек на човек.Вирусот на ткн птичји грип (H5N1) беше откриен во 1997 година, при повторување на епидемијата од 2006 година уби 79 луѓе во светот и го поттикна глобалното стравување од пандемија. Поморот на птиците и убивањето на живината поради оваа болест на светските економии во периодот од 2003 до 2011 година им создадоа загуби од 20 милијарди американски долари.Научниците, исто така, стравуваат дека птичјиот грип кој се пренесува меѓу птиците, како и од птиците на луѓето, може да предизвика катастрофа доколку мутира во сој кој би се пренесувал од човек на човек.
МакфаксКинеските власти открија траги од новиот сој на вирусот на птичјиот грип означен како H7N9, во неколку делови од мегал