понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бројот на претплатници на мобилни 5G во Кина надмина една милијарда на крајот на ноември.Тоа претставува пресвртница на водечкиот светски телекомуникациски пазар во Кина, според извештајот на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) објавен во понеделникот.Овој број на претплатници претставува 56 отсто од сите претплати за мобилни телефони во Кина и е за 9,4 отсто поголем од истиот период минатата година, се наведува во соопштението на државната информативна служба.Брзиот раст на претплатите за 5G е поддржан од масовниот развој на инфраструктурата, а според податоците на MIIT, Кина има инсталирано околу 4,2 милиони базни станици за 5G до крајот на минатиот месец.Овие податоци ја потврдуваат водечката глобална позиција на Кина во имплементацијата на 5G технологијата, се вели во соопштението на Државната информативна служба, пренесе Ксинхуа.

Поврзани вести