Кина петта во светот по извозот на оружје

Кина се искачи на петтото место на најновиот список на извозници на оружје во светот, објави шведскиот Меѓународен институт за мировни истражувања(СИПРИ), јавува АП.СИПРИ наведува дека САД и натаму се најголем извозник на оружје, чија продажба на другите држави изнесува 30 отсто од вкупниот светски извоз, Русија е втора со 26 отсто, Германија трета со седум отсто, а Франција четврта со шест отсто.Порастот на кинескиот извоз значи дека Велика Британија за првпат од 1950 година не е меѓу првите пет извозници на оружје во светот, наведува АП.Во извештајот објавен во Стокхолм се наведува дека кинескиот извоз на оружје пораснал за 162 отсто во периодот од 2008 до 2012 година во однос на претходниот петгодишен период.Кинескиот извоз на оружје во претходниот период изнесувал два отсто од вкупниот извоз на оружје во светот, а според најновите податоци сега изнесува пет отсто од вкупниот извоз.Најмногу кинеско оружје е продадено на Пакистан, 55 отсто, додека Мјанмар и Бангладеш купи осум, односно седум отсто од извезеното кинеско оружје.Најголеми увозници на оружје во периодот од 2008 до 2012 година се Индија(12 отсто од вкупниот светски увоз), Кина(шест отсто), Пакистан и Јужна Кореја(по пет отсто), Сингапур(четири отсто).
МакфаксКина се искачи на петтото место на најновиот список на извозници на оружје во светот, објави шведскиот Меѓународ

Пронајдете не на следниве мрежи: