Невидениот сообраќаен метеж почна уште пред два дена, а сега е на врвот. Половина милијарда луѓе се во движење поради кинеска Нова година. На наплатаната рампа во Гванжоу за еден ден е урнат милионскиот рекорд.
Според информациите на Министерството за сообраќај , 550 милиони луѓе ќе патуваат за Нова година. Кинезите ги напуштаат големите градови во кои работат и одат кај своите семејства за како што налага традицијата заедно да ја пречекаат Новата година.
Кинеската Нова година, која овојпат е Година на свињата, почнува на 5 февруари.