Кина: Четврти смртен случај од корона вирусот

Четврто лице почина од новиот тип коронавирус во Кина, соопштија локалните власти утрово.
Во Вухан, каде беше регистриран и првиот случај, почина 89-годишник. Инфицирани се повеќе од 200 луѓе.
Здравствените власти во Кина соопштија вчера дека епидемијата се шири од човек на човек, што зголемува можност инфекцијата да се шири побрзо и на поголемо подрачје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.