Откако сите мислеа дека Фудбалската федерација на Македонија си ја вратила хакираната страница, денеска повторно осамна видео од хакерите.
Имено се поочигледно е дека иако на момент беше вратена страницата, сепак Кинезите не се откажуваат од официјалната страница на македонската фудбалска репрезентација.
Видеото веќе неколку часа оди во живо, а што точно се случува засега е нејасно.
Инаку ФФМ само пред два дена успеа да си го поврати хакираниот профил, но очигледно само на кратко…
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.