Кинезите очекуваат новиот бран на заразата да се случи во ноември

Во ноември ќе се сретнеме со сериозен предизвик, бидејќи следниот бран на епидемијата со коронавирусот може да се случи токму тогаш, предупредува Џан Венгхуан, шеф на Инфективното одделение во шангајската болница „Хуашан“.


Тој исто така изјавил дека болеста почнала да се шири и во Јужна Америка, во Африка, и во Југоисточна Азија, поради што, според постоечкиот математички модел, ова лето нема да можеме целосно да се ослободиме од вирусот, а кога ќе дојде зимата – повторно ќе седиме дома.
Венгхун истакнал дека благодарение на искуството кое што многу земји го стекнале поради пандемијата, особено во областа на дијагностиката, следниот бран на епидемијата нема да биде толку многу опасен.
– На земјите кои немаат доволно медицински ресурси ќе им биде тешко да ја преживеат следната зима, а меѓу нив се државите од Африка и од Јужна Америка – истакнал тој.
Според неговите зборови, контролата над епидемијата во светот не зависи од Кина, САД или Европа, туку од тоа како со епидемијата можат да се справат токму земјите кои што имаат најмала способност да ја контролираат пандемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.