Кинескиот економски раст забави во првото тромесечје на 7,7 отсто, соопшти во понеделникот државниот завод за статистика, чиј извештај ја поттикна загриженоста дека закрепнувањето на втората по големина економија подзапира.
Податоците за првите три месеци од годината се полоши од предвидувањата на 12 аналитичари, што ги анкетираше AFP, кои проценија дека растот ќе биде осум отсто.Во четвртото тромесечје кинеската економија порасна за 7,9 отсто, по седум последователни тромесечја успорување, што поттикна оптимизам во поглед на закрепнувањето во услови на кревки активности во останати големи економии.Кинескиот завод за статистика во соопштението предупреди на „компликуваното и променливо економско опкружување во државата и во странство“, додавајќи дека кинеската владејачка Комунистичка партија и владата истрајуваат во „остварувањето на напредокот со истовремено сочувување на стабилноста“.Во минатата година кинеската економија порасна за 7,8 отсто, што е најбавно темпо во изминатите 13 години, додека властите за 2013 година зацртаа стапка од конзервативни 7,5 отсто.Индустриското производство порасна во март за 8,9 отсто на годишно ниво, односно за 9,5 отсто во првото тромесечје, додека промет во малопродажбата порасна за 12,6 отсто во минатиот месец, односно 12,4 отсто во првиот квартал.
Макфакс
Кинескиот економски раст забави во првото тромесечје на 7,7 отсто, соопшти во понеделникот држ