Кинеските херои тргнаа: Србија го очекува авионот со лекари и медицинска помош од Кина

Најголемиот авион на „Ер Србија“, „Ербас А330“, кој вчера замина за Кина, е подготвен да се врати назад во Србија, полна со медицинска опрема и кинески медицински експерти, за на српските граѓани да им помогне во борбата против коронавирусот, јавува Курир.рс.
Авионот веќе полетал за назад и се очекува да слета во Белград отприлика околу 20 часот. Пред полетувањето, кинеските лекари се сликале со екипажот на летот и српското знаме.


Претходно, кинескиот претседател Си Џипинг испрати писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое изразува поддршка за Србија, медицинска помош, но и помош во луѓе, односно медицински тим.
Кина е меѓу првите земји што во Србија испратиле помош во експерти и опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.