Кинески научници: Има докази дека лилјаците се преносители на коронавирусот

Кинески научници соопштија дека има се повеќе докази дека лилјаците се преносители на коронавирусот во Кина.
Во две статии објавени денеска во списанието „Природа“, научниците објаснија дека со анализа на геномот од неколку пациенти од Вухан, откриле дека овој вирус е многу сличен на вирусот САРС.


Кинескиот научник Ши Жен Ли и неговите колеги од Институтот за вирологија во Вухан откриле дека секвенците на геноми земени од седум пациенти во 96 проценти се совпаднале со корона вирусот изолиран од геномски секвенци на лилјаци.
Иако научниците се сомневаат дека најновото ширење на смртоносниот вирус во Кина започна на пазарот за риби, каде се продаваат и диви животни, сè уште не е утврдено кое животно првично го пренесе вирусот на луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.