Кипарскиот министер си замина од Москва со празни раце

Русија ги заврши преговорите со Кипар, предлозите на кипарската страна не ја заинтересираа Москва, изјави кусо во петокот рускиот министер за финансии Антон Силуанов, пренесува РИА Новости, откако неговиот кипарски колега Михалис Сарис по два дена преговори со руските функционери не успеа да издејствува репрограмирање на рускито кредит за Кипар или да поттикне нови вложувања во својата земја.

 Разговорите меѓу министрите за финансии на руската Федерација и на Кипар, Антон Силуанов односно Михалис Сарис беа прекинати доцна ноќта кон петокот, откако не беше постигнат договор за репрограмирање на постоечкиот руски кредит од 2,5 милијарди евра за Купар, одобрен во 2011 година.
Делегацијата на Кипар, кој се соочува со сериозна финансиска и буџетска криза и можност од банкот и излегување од еврозоната, изминатите два дена во Москва се обидуваше да издејствува помош од Русија.
„Вчера го одржавме последниот круг од преговорите. Преговорите завршија… Нивните предлози беа следните: да се формира државна гасна компанија со пренос на активата на гасните полиња и да им се предложи во неа да влезат руски инвеститори да влезат, да се купат обврзници со следните влез со можност за влегување во акционерската структура. Нашите инвеститори ја разгледаа понудата, и не пројавија интерес”, им изјави министерот Силуанов на медиумите во Москва.
Говорејќи за инвестицискиот фонд, што планираа да го создадат кипраните, рускиот министер за финансии изјави дека станува збор за „инвестициски фонд од кој сакаа да ги предадат акциите на та компанија, на банки, и други активи, коишто можат да ги предложат за реализација”. Според Силуанов, кипарската страна, исто така, понуди влез во овие банки, но никој од руските комерцијални кредитори не пројави таква желба.
„Прашањето на државното кредитирање не се разгледувало, бидејќи европската страна го востанови должината на рокот, над кој ние не можеме да одиме, а обезбедувањето кредит – претставува надминување на тој праг. Го очекуваме решението на 'тројката', на чиј исход ќе реагираме, донесувајќи одлука за нашето учество во однос на реструктуирање на долгот “, заклучува Силуанов.
На разговорите во Москва требаше да се разговара за прашањето за продолжување на руски заем за Кипар во износ од 2,5 милијарди евра. Медиумите најавија дека кипарската делегација ќе побара заем од неколку милијарди евра во замена за удел во банките и енергетските ресурси на медитеранската островска земја. Кипарскиот министер за финансии Сарис во четвртокот изјави дека Русија нема да помогне со кредит, доколку неговиот обем би го направил долгот на Кипар неодржлив, но дека е можно да се помогне со инвестиции.
Банкарскиот систем на Кипар е во опасност од крахирање, откако тамошниот парламент во вторникот го отфрли нацрт-законот за присилна еднократно оданочување на банкарските сметки и штедни, со 6,75 отсто на износите до 100 илјади евра и со 9,9 отсто на влоговите над овој износ, со кој требаше да се соберат 5,8 милијарди евра што беше услов за добивање на финансиска помош од Европската унија во обем од 10 милијарди евра.
Кипар побара од Русија петгодишно пролонгирање постоечкиот кредит од 2,5 милијарди евра кој истекува во 2016 година, како и намалување на каматната стапка којашто во моментов изнесува 4,5 отсто. Покрај тоа, според медиумите, Кипар бара и заем од неколку милијарди евра во замена за удел во банките и во енергетските ресурси на земјата.
Според рејтинг агенција Moody's, руските банки коишто вршат трансакции со руски фирми регистрирани на Кипар и со кипарските банки се изложени на ризик од вкупно меѓу 43 и 53 милијарди долари во случај на банкрот на Кипар. Притоа, обемот на средствата на руските банки кои се депонирани во кипарските банки, агенцијата го проценува на 12 милијарди долари, а износот на депозитите на руските компании на Кипар на 19 милијарди долари.
Кипар до понеделникот мора да ги обезбеди 5,8 милијарди евра, доколку сака да го добие пакетот од ЕУ и ММФ, кој му е неопходен да го избегне банкротот. Кипарските челници во четвртокот почнаа да состават план Б и најави дека во петокот тој би можел да се најде пред парламентот. Планот по тоа мора да го одобри и ЕУ. Еврoпската централна банка (ECB) објави во четвртокот дека на Кипар му дава до понеделник за пронаоѓање на неопходните средства.
Макфакс
Русија ги заврши преговорите со Кипар, предлозите на кипарската страна не ја заинтересираа Москва, изјави кусо во пето

Пронајдете не на следниве мрежи: