Кипар одлучува за планот Б

 Кипарските челници во четврток треба да донесат одлука за планот Б за спречување на банкрот на државата, откако парламентот во вторникот го одби пакетот европска помош кој предвидуваше воведување еднократен данок на банкарските штедни влогови.Планот во четврток попладне би требало да биде изложен пред парламентот, според извори од владата на Кипар. Кипарската влада мора да постигне решение за да може да се отворат банките на оваа островска медитеранска земја, кои се затворени уште од 16-ти март од стравот од масовно повлекување на парите наод страна на штедачите. И се наоѓа во трка со времето. Во средата беше донесена одлука дека банките сигурно нема да отворат до почетокот на идната седмица, а во понеделник е празни, па нема да работат ниту тогаш.Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес во четвртокот претпладне го започна состанокот со челниците на парламентарните партии со цел да се дојде до договор.На Кипар за избегнување на банкротот му се неопходни 18 милијарди евра. Европската унија со помош на Меѓународниот монетарен фонд се согласија за пакет финансиска помош во износ од 10 милијарди евра, но за преостанатите средства Кипар мора да се снајде сам. Со првичниот план кипраните треба да собера 5,8милиајрди евра со данокот на штедните влогови, но поради гневот на јавноста, и стравувањата да не се загубат големите руски клиенти коишто имаа огромни износи во банките на најмалата членка на ЕУ, тамошниот парламент го одби предлогот.Европската унија по одбивањето на договорот од страна на кипарските пратеници објави дека очекува кипарски противпредлог за тоа како земјата ќе ги собере потребните средства од нејзиниот дел од вкупниот пакет за спасување.Според кипарската државна телевизија, во планот Б останува предлогот да се оданочува штедењето, но само на износите над 100 илјади евра. Првично, планот предвидуваше оданочување од 6,75 отсто на влоговите до 100 илјади евра, а со 9,9 отсто на депозитите над овој износ.Планот би требало да вклучува и на пензиските фондови, јавните компании, како и окрупнување на банкарскиот сектор,. Односно спојување на неколку банки за да се намали износот потребен за рекапитализација. Би се формирал и структурен инвестициски фон кој би ги издавал обврзниците во очекување на големиот приход од неодамна откриените големи резерви гас во близина на кипарскиот брег.
Макфакс Кипарските челници во четврток треба да донесат одлука за планот Б за спречување на банкрот на државата, откако

Пронајдете не на следниве мрежи: