Кирија за луксузен стан во Белград достигнува 9.000 евра!

Цените на недвижностите се се почеста тема меѓу жителите на Белград. Во свет во кој тие постојано растат, да се биде сопственик изгледа како профитабилен бизнис. Форбс Србија истражуваше колку чини да се опреми луксузен стан.

Овој пат, решивме да го насочиме вниманието на луксузните станови за изнајмување, чии цени достигнуваат вртоглави суми. Пребарувајќи ги огласите дојдовме до заклучок дека повеќето станови се во Белград на вода, но има и Дедиње, Дорќол и Врачар.

Бидејќи цените на месечните изнајмувања се високи, се поставува прашањето што добиваат потенцијалните станари за тие пари. Би се рекло дека големината и локацијата најмногу ја диктираат цената. Сепак, многу од овие станови имаат дополнителни удобности. Пространи тераси со џакузи, подно греење, гардероби, лифт кој води директно од гаража до стан.

Дополнително, дел од апартманите во Белград на вода имаат можност за користење хотелски услуги, како спа центар, масажа, базен и теретана. Други, пак, имаат панорамски поглед на Ада Циганлија, Трг Република, Калемегдан.

Во повеќето случаи станува збор за пентхаус, но има и салонски апартмани. Во цената обично се вклучени и паркинг или гаражни места, а може да се приспособат и на деловните потреби, односно на канцелариските услови. Имаат неколку бањи, обично три плус еден тоалет, од две до четири спални соби, кујна и неколку ходници.

Многумина доаѓаат со кабелски и телефонски линии. Повеќето се ненаместени, но има и полунаместени и наместени.

Некои се изградени според наградени проекти, други се под заштита на Заводот за заштита на спомениците, а други може да се наречат новоградба.

Зградите, особено во Белград на вода, имаат обезбедување, како и прием со портир. Некои од становите имаат двор, додека други, главно мезонети, се опкружени со тераса со стаклена ограда, околу целата површина на станот.

Пронајдете не на следниве мрежи: