„Киселини” – што може сами да направите за олеснување и кога да се побара стручна помош?

Жиговината или кај луѓето попoзната како ,,киселини” е проблем со кој речиси секој од нас барем еднаш се има соочено.
Но што се подразбира под жиговина?
Тоа е всушност чувство на топлина или горење во долниот дел на градите, кое најчесто е проследено и со киселкаст вкус во грлото и устата. Симптомите на жиговина можат да бидат полоши по обилните оброци, особено доколку веднаш по јадењето легнете.
Најчесто можеме успешно да ги третираме симптомите на жиговинатата и во домашни услови. Сепак, ако киселините се јавуваат често или предизвикуваат потешкотии при голтањето, можно е да се работи за некое посериозно заболување.
Што ги предизвикува киселините?
Жиговината се случува кога одредено количество од киселинската содржина на желудочните сокови ќе се ,,подигне” до езофагусот (цевковидниот канал кој води од грлото до желудникот, или хранопроводот).
Долниот дел на хранопроводот е поврзан со желудникот со специјализиран сфинктер мускул. Доколку овој мускул работи правилно, веднаш се затвора по влегувањето на храната во желудникот.
Fibro Gel


Сепак, кај некои луѓе, овој сфинктер е ослабен и не функционира добро.
Токму ова предизвикува враќање на содржината од желудникот во хранопроводот. Добар дел од таа содржина се желудочните киселини кои можат да предизвикаат иритации на езофагусот и следствено се јавуваат претходно наведените познати симптоми. Оваа ситуација е наречена уште и рефлукс.
Слични симптоми и кај хернија
Жиговината може да биде исто така резултат и на хијатална хернија или кила на желудникот. Ваквата дијагноза се јавува кога желудникот на еден начин се изобличува, односно ја менува својата природна положба во стомакот. Природно се наоѓа под дијафрагмата, а при ова заболување доаѓа над неа.
И периодот на бременоста може да биде ризик-фактор за појава на киселини. Тоа се случува бидејќи за време на бременоста, хормонот прогестерон може да предизвика олабавување на споменатиот мускул сфинктер што може да води до рефлукс.
Други здравствени состојби или животни навики кои можат дополнително да ги влошат симптомите на киселини:
• пушење
• гојазност
• честа употреба на кофеински пијалаци
• често пиење на алкохол
• лежење веднаш по оброците
• некои медикаменти како аспирин и ибупрофен


Кога мора да се обратите кај лекар?
Киселините се многу чест проблем кој како што споменавме, не е толку сериозен. Но доколку се јавува доста често, може да биде проблем за чие решение е потребно стручна помош. Тоа е така бидејќи во некои ситуации жиговината може да е симптом на некое посериозно заболување, како на пример чир или друго гастроинтестинално заболување.
Веднаш контактирајте со вашиот лекар доколку:
◦ жиговината ја искусувате повеќе од 2 пати во неделата
◦ имате тешкотии или болки при голтање
◦ имате жиговина која е пропратена со крвава или забележително променета столица
◦ имате жиговина која е проследена со тешкотии при дишењето
◦ имате вртоглавици, замор и потење при рефлукс
Многу често посилните симптоми на жиговина се слични на оние на срцев удар, но треба да знаете дека овие две состојби не се поврзани.
Најчестите симптоми на срцев удар се:
силни болки во градите, тешко дишење, вкочанета и болна вилица и болки во рацете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.