Кит Ричардс ја препеја „I’m waiting for the man –  The Velvet Underground“ во чест на роденденот на покојниот Лу Рид

Кит Ричардс го одбележува 82-от роденден на Лу Рид оваа сабота, 2 март, со објавување на својата нова верзија на песната на Velvet Underground напишана од Рид од 1967 година „I’m Waiting for the Man“.

Каверот на Ричардс беше објавен како дигитален сингл во петокот, 1 март, заедно со спот за песната што можете да го погледнете на каналот на гитаристот на Ролинг Стоунс на YouTube. Песната исто така ќе биде претставена на претстојниот албум The Power of the Heart: A Tribute to Lou Reed. Омажот исполнет со ѕвезди ќе биде издаден на ЦД на 19 април, а како винил ЛП(Плоча) ќе биде издадено како дел од настанот за „Денот на продавниците на плочи“ во 2024 година на 20 април.

„За мене, Лу се издвојуваше“, рече Ричардс во неговата изјава. „Прав избор! Нешто важно за американската музика и за целата музичка сцена! Ми недостига тој и неговото куче“.

Видеото на „I’m Waiting for the Man“ го прикажува Ричардс како ја снима песната во студио со тапанарот на турнејата на Ролинг Стоунс, Стив Џордан и со клавијатуристот Иван Невил.

„I’m Waiting for the Man“ беше прикажана на првиот албумот на The Velvet Underground од 1967 година, The Velvet Underground & Nico. Рид продолжил да ја изведува песната редовно во живо во текот на неговата долга соло кариера, вклучително и на неговиот последен концерт во август 2012 година. Ослободил премногу луѓе со неговата уметност. Бил еден од првите уметници кои ги рушеле предрасудите за што знали да си маж, а што значи да си жена. Рид починал од заболување на црниот дроб на 27 октомври 2013 година, на 71-годишна возраст. На крајот од неговиот живот деновите ги посветил на Таи-Чи, со неговата сопруга Лори Андерсон. На последниот ден кога осетил дека живтот ќе му згасне, тој само легнал кај нејзе во прегратка и вежбал со рацете со саати и полека со насмевка го напуштил светот. Последните зборови му биле„Земи ме во светлината“.

Изведбата на Ричардс на „I’m Waiting for the Man“ е главната песна од „The Power of the Heart: A Tribute to Lou Reed“. На албумот има и кавери на Рид од Руфус Вејнрајт, Џоан Џет и Блекхартс, Боби Раш, Рики Ли Џонс, Авганистанските Вигс, Лусинда Вилијамс, Розана Кеш и други.

Пронајдете не на следниве мрежи: