Кичевец е на слобода, дал гаранција од 240.000 евра

Кичевец е на слобода, дал гаранција од 240.000 евра

Адвокатот Александар Новакоски вели дека Кичеец понудил гаранција и истата била прифатена.

Вилма Русковска изјави дека таа дала позитивно мислење за Кичеец да биде на слобода до правосилноста на пресудата. Кичеец по признанието на вина во случајот “Рекет” беше осуден на казна затвор од три години. Тој до Апелација се жалеше во однос на висината на казната, но се уште нема одлука.

Милески досега во затворот во Шутка и во куќен притвор мина речиси девет месеци, кои ќе му бидат пресметани во затворската казна која ќе треба да ја отслужи по правосилноста на пресудата. Значи му остануваат околу 2 години затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.