Кладилници имаат фаворит со најмал коефициент за нов папа

Најголем фаворит за нов папа е филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, кого го нарекуваат „Азискиот Франциско“. Кладилниците му даваат 40% шанси дека ќе биде избран со двотретинско мнозинство на конклавата во Ватикан.
Роден во 1957 година во семејство со кинеско-филипински корени, Тагле докторирал теологија во САД, во 2011 година бил назначен за надбискуп на Манила, а во 2012 година за кардинал. Од 2020 година е про-префект за евангелизација, најважното тело во Ватикан за мисионерските работи на Римокатоличката црква.
Тагле се истакнува меѓу кардиналите со едноставниот стил и блиските односи со обичните луѓе, особено од маргинализираните групи, што му беа белези и на папата Франциско. Течно зборува филипински, италијански, англиски, шпански и француски јазик.
Речиси подеднакви шанси за нов папа кладилниците му даваат на италијанскиот кардинал Пјетро Паролини, кој е државен секретар на Ватикан од 2013 година. Тој има големо дипломатско и политичко искуство и ја следи теолошката траекторија на Франциско.
Поради строгата тајност на изборот и политичките игри во Ватикан, Италијанците предупредуваат дека е речиси невозможно да се погоди кој ќе биде нов папа. Тие имаат стара поговорка: Оној што влегува на конклава како папа, излегува како кардинал“.
The post Кладилници имаат фаворит со најмал коефициент за нов папа appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: