Клекнат си ти одамна Мицкоски, сега више мораш и во јавност да клечиш, но пострашно е тоа што со тебе го клекна и целото членство на ВМРО.
„Ако претседателот и лидерот не клекне на колена пред неговите следбеници, тогаш не ја заслужува нивната доверба“, со овие зборови „лидерот“ (некои по задача го викаат и лидериште) на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна своето обраќање на протестниот марш во Штип. Целата јавност ова ја збуни. Не доликува на еден самонаречен лидер да цмиздри и да глуми, особено ако глуми вака лошо… Имено и покрај оваа холивудска сцена, на ефтин нискобуџетен од Б продукција филм, Мицковски не изнесе јасен став и не повика на БОЈКОТ.
А зошто клекна лидериштето? Мое мислење е дека те клекнаа за пари, те корумпираа со хидроцентрали, па ти наместија конгрeс за да те стават лидер на најмоќната партија, за да ја осакатиш, парализираш и онеспособиш воочи проектот на бришење на цел еден народ, Македонскиот народ.
Па ќе клечел, па затоа клечиш тоа е својствено за луѓе како тебе. Истата агенда на многу зборење без конкретни пораки продолжи и на овој митинг. Критики на Договорот од Преспа, па економијата, па Анџушев…
Го повтори партискиот став дека секој сам треба да одлучи дали ќе излезе на референдум, но ја обвини владата за џабе фрлени пари во кампања. Со еден збор глупости и забава за народ.
Лидерство нема, јасен став нема, но затоа има коленичење. Патетично.