Клекнувања – со правилно изведување до сoвршени нозе и задник

Подготовките за летото започнаа и многумина од нас веќе се задлабочени во вежбањето, за наскоро да му ја покажат својата совршена линија на светот.
Седечкиот начин на живот, особено влијае на „лошиот изглед“ на задникот и нозете за време на зимата, па затоа треба активно да им се посвети внимание, за да можеме до лето да ги обликуваме и затегнеме до перфекција.
Освен што нè прави да изгледаме многу подобро, тренингот прави и да се чувствуваме подобро, затоа навистина нема потреба повеќе да го одложуваме. Време е да почнеме сега. Кога е во прашање обликувањето на нозете и задникот, клекнувањата дефинитивно се најефективна вежба. Единствено што е навистина важно, кога се клекнувањата во прашање е нивното правилно изведување, а кога ги изведувате како што треба, буквално можете да ги правите било кога и било каде.

Правилното изведување на клекнувањата го вклучува целиот долен дел на телото, тетивите и квадрицепсите. Важно е за време на изведувањето на клекнувањата да се спуштате доволно ниско, стопалата мора да бидат одвоени во ширина на вашите рамена, а колената би требало да бидат „исфрлени“ точно над вашите прсти на нозете.
Овде може да погледнете како правилно да ја направите оваа ефикасна вежба и до лето да ги доведете нозете и задникот до совршенство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.