Клековски се вакцинира против сезонски грип: Вакцинацијата е најдобрата мерка за спречување на оваа болест

Во Институтот за јавно здравје, кој е еден од пунктовите за имунизација против сезонски грип, денес меѓу граѓаните кои ја примија вакцината беше и министерот за здравство, Сашо Клековски.

Тој рече дека вакцинацијата против сезонски грип е најдобрата и најефикасната мерка за спречување на оваа болест.

„Затоа, денес, со личен пример, ја истакнав важноста на навремената здравствена заштита, особено кај ризичните групи од населението. Вакцинацијата е докажана за спречување на појава на потешки форми, компликации и смрт од оваа болест. Охрабрувачки е што само за една недела, над 55.000 граѓани се пријавиле за вакцинација. Вакцинацијата започна денес на сите пунктови низ целата земја, затоа ги повикувам граѓаните од ризичните групи кои сè уште не се пријавиле за бесплатна вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, да го сторат тоа што е можно поскоро“, нагласи министерката.

Од 14 октомври, кога беше отворен формуларот за регистрација, 55.535 граѓани се регистрирале за бесплатна вакцинација против сезонски грип.Над 60% од регистрираните се лица над 65 години, а околу една третина се граѓани со хронични заболувања. Апликациите се регистрирани на сите 31 пунктови за вакцинација низ целата земја, а поголемиот дел од граѓаните се регистрирани во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово. Вакцинацијата започна утрово, а до пладне вакцинирани се 368 граѓани.

„Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu . Со пополнување на формуларот на страницата, граѓаните се пријавуваат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Потоа, според распоредот даден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информации за точниот датум и време кога треба да се вакцинираат во моментот што ќе го изберат при регистрацијата.“

„Бесплатната сезонска вакцинација против грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години“, соопшти министерството.
The post Клековски се вакцинира против сезонски грип: Вакцинацијата е најдобрата мерка за спречување на оваа болест appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: