Клиника за детски болести: Нема повредени пациенти!

На одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести, вечерва настана пожар на терасата на првиот кат, информираа од Клиниката.
-Противпожарната екипа веднаш интервенираше и го локализираше пожарот. Не е предизвикана никаква материјална штета. Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба. Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции, се наведува во официјалното соопштение од Детската клиника, на кое е потпишана доктор Ставриќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.