Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)

Составот на Лос Анџелес Клиперс дојде до брејк во плејофот серијата со Денвер Нагетс во западната конференција во НБА лигата.
Избраниците на Лу славеа во Колорадо со 105:102 и со тоа израмнија на 1-1 во оваа пресметка која сега се сели во Лос Анџелес каде Клиперс двапати ќе ја има улогата на домаќин.
Одново одлучуваа нијанси како на првиот меч и лесно можеше да се случи повторно да гледаме продолженија затоа што Денвер преку Браун и Јокиќ во завршните секунди промаши два удари за три поени.
Победникот беше предводен од фантастичниот Ленард со 39 поени, 3 скока, 5 асистенции и 1 блокада, Харден додаде 18 кошеви, а центарот Зубац дојде до дабл-дабл од 16 поени и 12 скока. Јокиќ кај поразените имаше трипл-дабл од 26 поени, 12 скока и 10 асистенции, зад него беше Мареј со 23 поени.
На втората средба Детроит Пистонс исто направи брејк и тоа во „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк Никс. Гостите триумфираа со 100:92 во натпреварот во кој број еден беше Канингем со 33 поени, 12 скока и 3 асистенции.
Кај Никси комплетната петорка беше двоцифрена, но клупата донесе само осум поени.
Видео
The post Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО) appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: