Кличко извлечен од сигурна смрт: Неговата јахта запалена, семејството евакуирано!

Поранешниот светски боксерски шампион Владимир Кличко беше спасен од шпанската крајбрежна стража од запалена луксузна јахта.
Пожарот беше брзо изгаснат и за среќа сите поминаа без повреди.

Тој испрати порака преку видео на социјалните мрежи и го сподели своето искуство со инцидентот.
„Бидете внимателни што посакувате. Судбината ја прифати мојата желба за „малку адреналин“ и тоа буквално. Нашето патување со брод во неделата вечер заврши во нашиот брод кој се запали, а семејството и пријателите се евакуирани од крајбрежната стража и од тимот за спасување. Без грижи, сите сме во ред“ -напиша Украинецот на Твитер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.