Клуб од Северна Ирска потврди дека има заразен фудбалер со коронавирус!

Клубот од Северна Ирска, Линфилд потврди дека во свои редови има фудбалер, кој е заразен со коронавирус.
Линфилд не објави за кој фудбалер станува збор, но информацијата предизвика хаос во клубот и создаде паника меѓу навивачите.
„Еден од нашите фудбалери доби позитивен тест на коронавирус. Клубот побара совети од докторите за да преземеме конкретни мерки“, соопштија од екипата.

Пронајдете не на следниве мрежи: