сабота, 28 ноември 2026
Најново

Книга за Гане Тодоровски од Ивана Велиновска Боцеска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Тематски доминанти во поезијата на Гане Тодоровски“ од Ивана Велиновска Боцеска. Со ова најново издание посветено на големиот македонски поет и научник, издавачот ја одбележува 95-годишнината од раѓањето на авторот што остави длабоки траги во целокупната македонска литература и култура.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што информираат од „Матица Македонска“ во поговорот кон книгата проф. д-р Кристина Николовска констатира дека во годината кога чествуваме 95 години од раѓањето на великанот на нашата поезија, наука и култура, еден од столбовите на современата македонска книжевност, авторката ни презентира прекрасно издание за тематските доминанти во поезијата на Гане Тодоровски.

Додава дека поттиканата од научниот интерес, Велиновска Боцеска, открива нови сознанија на книжевната наука, теорија на литературата и научно-книжевна македонистика како ново можно читање на тематската есенција на овој раскошен поет.

– Реклама –

Поврзани вести