Коалицијата на СДСМ и ДУИ ќе ја предводи владата, Зоран Заев останува премиер

Коалицијата на СДСМ и ДУИ ќе ја предводи владата и во следните четири години, откако лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети денеска ги усогласиле рамковните принципи на соработката. Премиер останува Заев, а ДУИ ќе добие шанса да именува претседател на владата во последните 100 дена од нејзиното функционирање пред следните избори. Договорот на Заев и Ахмети денеска и утре треба да биде потврден и од највисоките партиски тела, а до крајот на неделава се очекува да бидат утврдени и кадровските решенија иако, според партиски извори, распределбата е речиси готова.

Двајцата лидери не кажаа ништо околу распределбата на министерските места, но информациите од двете партии говорат дека откажувањето од барањето за Албанец премиер, ДУИ ќе го „наплати“ со добивање на ресорите финансии и надворешни работи. Талат Џафери и натаму ќе го предводи Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи: